И учениците од 4. до 6. одделение од септември ќе учат според програмата Кембриџ

Квалитетни учебници, без грешки и содржински прилагодени на возраста на децата.  Од септември и учениците од четврто, петто и шесто одделение ќе учат по Кембриџ програмата.  Нови наставни програми ќе има за математика и природни науки. Книгите се во завршна фаза, чекаат одобрување во Лондон а на почеток од август ќе се печатат  и дистрибуираат до сите училишта на сите јазици. Заменик министерот за образование  вели дека програмата одговара со возраста на децата,  наставниците се тие кои треба да им ја доближат  на учениците.

Учениците се исти и во Велика Британија и во Македонија, капацитетот е ист, јас верувам во можностите на наставниците и учениците и сметам дека без потешкотии ќе се совлада материјалот...на почетокот имаше мали проблеми но со тек на времето тие се надминати – вели заменик Министерот за образование Спиро Ристовски

 

Во текот на летото наставниците ќе мора да одат на обука. Кембриџ програмата во основното образование ќе се заокружи за една година кога сите книги по математика и природни науки ќе претрпат  корекции. Македонија е една од 160-те земји кои во образовниот процес имаат воведено Кембриџ.  Учебниците се бесплатни и годинава по седми пат ќе бидат на товар на државата. 

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега