Заврши состанокот на Еврогрупата за Грција

 

Телеконференцијата на Еврогрупата за Грција заврши вечерва и ќе има нов состанок утре изутрина, јави ДПА.

- На тој начин се дава можност да се проучат грчките предлози, изјави грчки владин извор.

- Краткотрајното продолжување на грчката програма за спас и „кратење“ на долгот на Грција се невозможни, изјави финскиот министер за финансии Александар Стуб.

По крајот на денешната телеконференција претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум напиша на Твитер: „Следна телеконференциска средба ќе има утре изутрина, откако беше објавено испраќањето на ново писмо од грчката Влада“.

 

 

Оцени ја веста

30.06.2015 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега