Која е смислата на животот? - одговорот ќе ве воодушеви

Нил Деграс Тајсон гостувал на трибина во Бостон кога шестгодишно дете од публиката му го поставило вечното прашање. Детето по име Џексон побарало од славниот физичар да му ја објасни смислата на животот, а одговорот кој го даде го воодушевиу светот.

- Мислам дека луѓето го поставуваат тоа прашање со претпоставка дека „смислата“ е нешто што можеш да го бараш и да кажеш „Еве ја најдов, тука е смислата. Која ја барав“. Тоа сценарио, сепак, не ја вклучува можноста дека „смислата“ е нешто што сам го креираш. Сами ја  креираме за нас и за другите.

Па јас кога помислувам на смислата на животот, се прашувам сам себе: „Дали денес научив нешто што вчера не го знев, што малку ме приближилокон знаењето на се што може да се знае во вселената?“. Ако проживеам ден во кој не сум научил ништо, го сметам за прокоцкан ден. Луѓето кои на крајот на учебната година велат „Лето е! Веќе не мораме да размислуваме!“... Не го разбирам тоа. Размислувањето те приближува кон природата. Учењето како работите функционираат ти дава моќ да влијаеш на случивањата. Ти дава моќ да им помогнеш на луѓето на кои тоа можеби им е потребно - да си помогнеш себеси на својот пат. Кога јас ќе помислам на смислата на животот, тоа не е вечно прашање на кое не може да се одговори. Мене ми е на дофат на раката секој ден. И затоа тебе, шестгодишнику, ти предложувам да ја истражуваш природата колку што можеш. А тоа понекогаш значи дека си ја извалкал облеката бидејќи сакаш да скокаш во вирчињата иако родителите не сакаат да го правиш тоа. Кажи им дека јас сум ти дозволил.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега