ФОТО: Мики од Драчево ја измами ќерката на скопскиот бизнисмен - не бил свесен дека украл предмет од 600.000 евра

Уникатен предмет кој е единствен во свет и кој е проценет на дури 600.000 евра му паднал во рацете на измамникот Бобан А.(28) од населбата Драчево кој беше уапсен за кражба на семеен накит и антиквитети од стан на скопски бизнисмен. Како што пишува Дневник, измамникот не ни знаел дека украл нешто толку вредно. 

Крадецот во предистражната постапка се бранел со молчење и не сакал да каже каде го скрил делот од украденото злато и антиквитети кои не биле пронајдени во претресот во изнајмениот стан во кој престојувал.

Инаку, кражбата се случила на почетокот на јуни кога измамникот кој не го кажувал своето вистинско име, а се претставувал како Мики или Мартин, успеал да ја измами и ќерката на бизнисменот со кого почнал љубовна врска. Додека нејзините родители биле на одмор тој успеал да го пронајде семејниот накит во луксузниот стан и украл повеќе парчиња, а дел од накитот продал во златарски дуќани. Откако парите ги ставил в џеб и предложил на девојката да шетаат низ Македонија, а на враќање го фрлил телефонот за да не го лоцираат. Тој одзел златен накит од 22 карати, дијаманти, брилијанти и други вредни парчиња накит, како и повеќе антиквитети и предмети со голема уметничка вредност.

Бобан А. и претходно бил познат извршител на кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против правосудството, за што од страна на СВР Скопје во периодот од 2013 до 2014 година му биле поднесени 15 кривични пријави.

ПОВЕЌЕ НА ДНЕВНИК

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа