Охрид ќе добие нови автобуски постојки

Жителите на селата и приградските населби на Охрид, кои поради секојдневни обврски и потреби мораат да доаѓаат во центарот на градот, наскоро ќе добијат посоодветни услови за чекање на приградскиот превоз, бидејќи охридската локална самоуправа ќе постави нови автобуски постојки.

За таа цел преку Електронскиот систем за јавни набавки во текот на вчерашниот ден е објавен Јавен оглас за Набавка и поставување на урбана опрема чија проценета вреност е околу 20.000 евра или точно 1.271.186,44 денари. Освен за набавка и поставување на автобуски постојки, огласот се однесува и за набавка и поставување на дрвени корпи за отпадоци и жардињери, пренесе OhridNews.

Крајниот рок за доставување на понудите на овој оглас е 13-ти јули 2015 година, кога е предвидено да се одржи и Јавното отворање на истите.

Инаку неколку години наназад, поголемиот дел од автобуските постојки кои се лоцирани на главните сообраќајници во Охрид се во многу лоша состојба, а има и такви на кои не се поставени ни клупи, ниту пак корпи за отпадоци. Покрај тоа што старите постојки не се функционални за патниците, тие се многу лоша слика и за туристите кои во текот на летниот период се превезуваат до плажите.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега