Планирате викенд? - проверете какво ќе биде времето во туристичките места

Скопје

Делумно сончево време најавуваат метеоролозите за викендов во Скопје. Минималните температури ќе се движат меѓу 13 и 14 степени, а максималната во недела ќе достигне 29 степени.

Охрид

Можеби и нема да се капете доколку овој викенд решите да заминете за Охрид. Метеоролозите во сабота најавуваат повремени врнежи и температури до 26 степени, додека во недела, разведрување и температура која нема да надмине 27 степени. Сепак, македонскиот туристички бисер е подготвен и ги очекува туристите. Плажите оваа година се подновени со многу повеќе содржини и што е најважно, цените се прифатливи за сечиј џеб

Дојран

Дојран дефинитивно е хит оваа туристичка сезона. Се што од претходно сте знаеле за ова мало градче на југот на Македонија веќе не важи, бидјеќи од лани, ова туристичко место има комплетно нв лик, прекрасно уредени плажи покриени со ситен песок. Нема да згрешите ако викендов заминете таму. Меторолозите најавуваат сончево време со температури над 30 степени, кои во комбинација со топлата вода во езерото гарантираат прекрасен викенд.

Преспа

Метеоролозите не најавуваат некои посебно добри услови за летен одмор на Преспанското Езеро овој викенд. Во сабота се најавуа дожд а во недела температура до 26 степени.

Маврово

Ако не планирате да се капете во Мавровското Езеро тогаш овој викенд ќе биде перфектен за планинско уживање во Маврово. Метеоролозите најавуваат прекрасно време со температури меѓу 20 и 22 степени.

Халкидики

Ако решите викендот да го поминете кај јужниот сосед очекувајте сончево до умерено облачно време со температури меѓу 29 и 30 степени.

Будва

Доколку не ви е проблм повеќе часови да поминете во автомобил, тогаш црногорското приморје е одлична дестинација за вас. И времето ќе ве послужи. Викендов ќе биде сончево со температури над 31 степен.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега