Доаѓаат горештините: Викендов до 34 степени

Времето во Македонија за време на претстојниот викенд ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд повеќе во источните и југоисточните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје слично време, стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од понеделник синоптичарите најавуваат затоплување за неколку степени. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе се движи од 30 до 39 степени

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега