Метеоролозите предупредуваат: Температурите наредната недела ќе надминат 44 степени

Рекордно високите температури во Белгија предизвикаа сериозни проблеми во сообраќајот.

Тротоарите на голем број автопати, вклучувајќи на ги и најпрометните меѓу Брисел и Луксембург, се омекнати и набрани од топлината.

Поради оваа причина е воведено дополнително ограничување на брзината на движење, па максималната е 30 км на час.

Променет е и распоредот на возовите кои веќе се движат на поголеми интервали.

Во четвртокот во Белгија беше измерена највисока температура од 1901 година – 37 степени.

Властите ги советуваат граѓаните да не излегуваат надвор по пладне или барем да се со капи.

Температурите во Западна Европа достигнаа до 40 степени Целзиусови, а од ОН предупредија дека жешките бранови ќе стануваат се почести и поинтензивни поради климатските промени и повикаа повеќе земји да создадат предупредувачки системи, за да ги информираат луѓето за опасностите.

Втор топлотен бран, кој ќе трае најмалку девет дена, се очекува да ја погоди Шпанија во петок, а потоа да се прошири кон Франција, Италија, Германија, информира националната метеоролошка служба на Шпанија.

Се очекува температурите во понеделник да бидат особено високи, достигнувајќи до 44 степени Целзиусови во некои делови на Шпанија, поради инвазијата на топол воздух од Африка.

 

 

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега