ФХ3Х единствена македонска компанија во светски академски учебник

На иницијатива на  Универзитетот Американ колеџ Скопје,  ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и  Источна Европа.

Во рамки на оваа соработката  се публикуваше универзитетскиот учебник „Кршење на мраз на претприемачки начин: Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа“, во со-авторство на Џулија Пратс, Марк Сосна и Силвија Шишко – Романчук, а во издание на светски престижниот издавач Пелгрејв Мекмилан.

ФХ3Х има заслужено место во учебникот покрај останатите 14 успешна приказна, кои меѓудругото ја отсликуваат бизнис климата во Европа и тешките услови за освојување на светските пазари.

За првпат една македонска компанија се појавува во академски учебник за претприемништво.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега