Силувале девојка среде свадба, гостите гледале

24-годишниот Миле Дробац и 23-годишниот Душко Башиќ , двајцата од Нови Град, се осомничени за силување на дваесетгодишната Ј.Л. од Приједор.
Осомничените се спроведени во Окружното обвинителство на Бања Лука на понатамошно сослушување. Според изјавите на мештаните, девојката е силувана во напуштена куќа и на очиглед на многубројните гости, кои само гледале што се случувало.
 
Мештаните сепак нагласуваат дека „однесувањето на девојката не им било чудно", бидејќи како што велат „и порано била со мажи".
 
Обвинителството собрало доволно материјални докази против осомничените. Меѓу доказите за Обвинителството пресуден бил гинеколошкиот преглед на оштетената во Општата болница во Приједор, кој го потврдил насилниот однос.
 
Да биде иронијата поголема, оштетената Ј.Л. на својот Фејсбук профил, на денот кога е пријавено силувањето напишала:
 
-И понекогаш се случува некој да те издаде, а потоа и новата песна од Саша Ковачевиќ „Случајно", во која во рефренот се пее: "To nikada nisam smeo, a želim te jako. Stani malo, nemoj tako, nemoj dok nas gleda svako".
 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега