Претседателот Иванов во работна посета на Хрватска

 

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, Маја Иванова, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска.

Претседателот Иванов во Загреб ќе има средби со претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ и со претседателот на хрватскиот Сабор, Јосип Леко.

Според агендата, Иванов попладнево ќе има средба и со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, а ќе положи венец пред „Ѕидот на болката“ на градските гробишта Мирогој.

Македонскиот претседател утре ќе ја посети и Општината Ѓаково, каде ќе се сретне со претставници на локалната македонска заедница.

Иванов ќе присуствува на културно - уметничка програма на македонското КУД „Браќа Миладиновци“ од Хрватска, по што ќе положи венец на гробот на Јосип Јурај Штросмаер, кој е еден од првите свештеници во Католичката црква кои го ревитализираа делото на солунските браќа Кирил и Методиј.

Во делегацијата што го придружува претседателот Иванов за време на официјалната посета на Република Хрватска, е и министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски. Предвидено е Јолевски во Загреб да се срeтне со неговиот хравтски колега Анте Котромановиќ.

Ова е трета официјална посета на претседателот Иванов на Хрватска, претходните беа во 2009  и 2011 година

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа