ВИДЕО: Детали за страшната несреќа кај Зебра

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва кај трговскиот центар „Зебра“ во центарот на Скопје. 

Несреќата се случи во 20 часот и 22 минути на улицата „Васил Ѓоргов“ во населбата Капиштец, а едно женско лице е загинато, соопштија од полицијата. 

Според првичните информации девојката стоела кај пешачкиот премин спроти хотелот „Квин“, а возачот на автомобилот „опел корса“ најверојатно изгубил контрола врз возилото и удрил право во неа, по што влетал во излог на еден од дуќаните кои се наоѓаат во околните згради, пренесе Утрински.

Од силината на ударот девојката починала на лице место, а според очевидци станува збор за малолетна девојка. 

Возачот кој најверојатно се движел со преголема брзина е пренесен во болница.

Случајните минувачи притрчале да и помогнат на девојката , но по само неколку минути , веќе не давала знаци на живот. Возачот и неговата сопатничка поминале без повреди , а според очевидците тој бил однесен на токсикологија под претпоставка дека возел во алкохолизирана состојба и немал воопшто контрола над возилото.

ВИДЕО: Канал 5

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега