Грција поднесе барање за заем од Европскиот механизам за стабиност

Грција поднесе формално барање за спасувачки заем од посебниот фонд за поддршка на еврозоната, соопшти портпарол на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ).

- Европскиот стабилизациски механизам го доби грчкото барање, рече тој.

Министрите за финансии од Еврогрупата треба да го разгледаат барањето, кое е формално упатено претседавачот Јерун Дејселблум, преку конференциски повик кој е закажан за денеска, јави дописникот на МИА од Атина.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега