Ципрас за утре најави нови предлози за доверителите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска најави дека Атина ќе претстави конкретни предлози до своите доверители, јави дописникот на МИА од Стразбур.

- Утре ние ќе поднесеме конкретните предлози за праведен договор и сигурни реформи, изјави Цироас пред европратениците во Стразбур, кадеповеќе од три часа се водеше расправа за ситуацијата во Грција.

За в недела е закажан нов самит на ЕУ каде ќе треба да се донесе одлука за тоа дали ќе продолжи програмата на помош за Грција.

На самиот почеток од дебатата во Стразбур, Ципрас изјави дека предлозите ќе бидат доставени во наредните два дена.

Грција исто така денес поднесе барање за примена на европскиот механизам за поддршка (ЕСМ).

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега