Поучно: Ако некогаш на некого му се налутите и посакате да се откажете од некого, сетете се на ова приказна

Двајца браќа кои биле соседи во фармата, по 40 години толку многу се налутиле што повеќе не збореле. Тоа била првата сериозна расправија во последните 40 години, колку што живееле еден покрај друг, делеле се што што имале. Се почнало од едно мало недоразбирање кое водело до голема расправија.  ЕДно утро некој затропал на вратата на Џон, тој ја отворил и видел човек со алат. „ Барам работа“, рекол. „Можеби овде на твојата фарма може да се најде некоја работа за мене“?.

-  „Да“ рекол братот. „ Знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш ли онаа куќа од другата страна кај потокот? Тука живее мојот комшија, поточно помладиот брат. Минатата недела меѓу нас имаше ливада, но тој нешто копаше од реката и сега меѓу нас има поток. Тоа го направи за да ми напакости, но ќе му вратам јас... Ја гледаш ли онаа дебела покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метри повеќе да не ја гледам неговата куќа“.

Столарот рекол: „ Се ми е јасно. Дај ми материјал и ќе видиш како тоа сјајно ќе го направам“.

Постариот брат мораше да оди до градот, така да столарот му го дал потребниот материјал и заминал. Столарот цело време вредно работше, мереше, тестираше...

Кога се врати доцна навечер постариот брат, столарот ја завршил работата. Бил запрепастен!

„Воопшто немаше ограда. Тој направил мост кој ги спојуваше двете страни од потокот. Било тоа преубав мост, а од неговата друга страна му се приближи неговиот помлад брат со широко раширени раце. „Навистина си сјаен човек кога го направи овој мост после се тоа што ти го направив и кажав, рекол помладиот брат. 

Браќата застанале секој на својата страна од мостот, па пополека тргнаа еден кон друг, се сретнаа на средината: Го гледаат како столарот ја зема кутијата со алатот и заминува. Еј почекај, остани барем неколу дена кај нас, има уште многу други работи кои можеш да ги направиш, му рекле „ Јас многу би сакал, но морам да поправам и на други места“, рекол столарот. 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега