Лајчак: Европскиот интерес мора да надвладее над личната и политичка агенда во Македонија

По Европската комисија, на прогласувањето неуспешен крај на преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево реагираше и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Лајчак.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Лајчак, кој е дел од Советот за надворешни и општи работи на Европската унија каде се носат клучните одлуки и препораки во однос на проширувањето и земјите во тој процес, на својот официјален профил на социјалната мрежа „Твитер”, му порача на Заев, како и на останатите политички лидери во Македонија дека европскиот интерес треба да надвладее над личната и политичка агенда.

- За да се надмине длабоката криза во Македонија потребен е функционален компромис од страна на сите. Европскиот интерес мора да надвладее над личната или политичка агенда, порача Лајчак.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега