Министерот Попоски на Croatia Forum 2015 во Дубровник

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски утре ќе учествува на овогодишниот, десетти по ред, Croatia Forum 2015.

Форумот се одржува од 9 до 11 јули во Дубровник, Република Хрватска на тема „Новата политика на развојот- кон партнерство и заедничка визија”.

Министерот Попоски ќе учествува на панелот посветен на „Надворешна, безбедносна и развојна политика: меѓусебната поврзаност и меѓусебната зависност“.

На маргините на Форумот, се очекува Попоски да оствари билатерални средби со своите колеги од земјите од Регионот.

Предвидено е Форумот да биде своевидна подготовка на претстојната Меѓународна конференција за финансирање на развојот, што ќе се одржи во Адис Абеба, во рамките на развојните планови на Обединетите нации за периодот по 2015 година. Прв пат на овогодишниот Croatia Forum 2015, ќе учествуваат високи државни претставници од Африка.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега