Навивачки клуб за сите македонски репрезентации - „Верна Фаланга“

Македонскиот центар за култура и развој  формира навивачки клуб за сите македонски репрезентации кој ќе го носи името „Верна Фаланга“, пренесе Курир.

По примерот на сите 

поголеми европски земји и македонските репрезентации ќе добијат еден навивачки клуб. 

Го промовираме навивачкиот клуб на македонските репрезентации како врвно организирана форма која на европски и светски начин ќе го организира и раководи навивањето  за националните репрезентации. Досега не сме имале ваков навивачки клуб, имале поединечните клубови свои фан групи, но ова на државно ниво е една официјална организација. Очекуваме во нередниот период „Верна Фаланга“ да ги обедини сите верни фанови во Македонија, вели Нелко Нелковски претседател на МЦКР.

Секој граѓанин кој сака може да биде дел од „Верна Фаланга“  која ќе се залага за почитување на спортскиот противник и за навивање без насилство, национализам, расизам и сите видови дискриминација.  Годишната чланарина за навивачите од Македонија ќе биде 900 денари, додека за Македонците надвор нашата држава ќе биде 25 евра.

ФОТО:Спортски 

најчитано сега