Попладнево не патувајте накај Охрид

Во периодот од 14 до 15 часот, патниот правец Кичево-Пхрид преку Пресека и с. Врбјани, денеска ќе биде во прекин од 15 до 20 минути во наведениот период.

Причината за прекинот е изведување на работи на овој дел од патот, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Утре на истиот патен правец само кај местото Извор повторно сообраќајот ќе биде во прекин од 15 до 20 минути во периодот од 16 до 17 часот.  

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 09:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега