Кривична за директор на Основно Училиште во Радовиш

42-годишниот С.Ј. од селото Раклиш во Радовиш, инаку директор во ООУ „Коста Рацин“ во селото Подареш си заработи кривична поради злоупотреба на службена положба и овластување, заедно со 46-годишниот Ж.А. од Радовиш благајник-администратор во ООУ „Коста Рацин“.

Во декември минатата година  пријавените од салонот за мебел во Струмица извршиле нарачка на мебел, а на профактурата се потпишала второпријавената, по што мебелот во два наврати бил доставен во домовите на пријавените. Потоа Ж.А. мебелот го внела во пописните листи на училиштето кои подоцна ги предала на училишната пописна комисија да го потпишат како присутен инвентар во училиштето. Со ова пријавените го оштетиле буџетот на Р Македонија во износ од 28.673 денари.

 
 

 

Оцени ја веста

10.07.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега