Која е причината за појавата на „појасот за спасување“ околу половината?

Поголемиот дел од луѓето за појавата на масните наслаги околу струкот или таканаречениот „појас за спасување“ ја обвинуваат брзата храна – хамбургерите и чоколадата, но според нутриционистите и стресот може да биде причина за појава на масните наслаги.

– Кога сме напнати или под притисок, телото произведува хормони како што се кортизол, кои поттикнуваат собирање на масните наслаги околу стомакот. Овој вид масни наслаги знааат да бидат исклучително опасни, бидејќи се таложи околу органите и може да доведе до бројни хронични проблеми, како што се ризик од дијабетес од типот 2, срцеви болести, мозочен удар, висок крвен притисок, дури и рак – објаснува нутриционистката Мерилин Гренвил за „Дејли мејл“.

Таа додава дека нашиот модерен начин на живот со себе нови бројни стресни ситуации во кои најчесто се лачи адреналин.

Нашето тело е програмирано на тој начин што во моментите на опасност лачи адреналин и кортизол кои ни даваат енергија и ни помагаат да бидеме физички спремни на реагирање во тие ситуации. Меѓутоа, нашиот модерен начин на живот во кој не сме премногу активни, а стресот е секојдневна појава, се чини дека таа енергија, во форма на масти и глукоза нема каде да отиде, туку во вид на масни ќелии се таложи околу нашиот струк.

За жал, овој вид масни наслаги знаат да бидат многу упорни и тврдолгави, така што не реагираат на диети или пак на ригорозни вежбања.

Нутриционистите препорачуваат да ги прекинете диетите и броењето калории и да јадете почесто помали оброци.

Од исхраната исфрлете го шеќерот и рафинираните јаглени хидрати. Ако не можете без нив, внимавајте тоа да не биде по 18 часот. Во исхраната додајте протени, тие не држат сити и помагаат при слабеењето.

Не го прескокнувајте појадокот, не пијте газирани и засладени сокови. Водата е најдобар пијалок. Движете се доволно и јадете полека.

 

 

Оцени ја веста

11.07.2015 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега