Матурантите подобри од минатата година - на државната матура оценети со просечна оценка 3,37

Просечната оценка од полагањето на државната матура за 2014/2015 во јунската сесија е 3,37.

Стигнаа резултатите од полагањето на државната матура по сите предмети и во сите средни училишта во Македонија, а оваа година матурантите се подобри од минатата кога беа оценети со 3,11.

Речиси по сите предмети матурантите се подобри од минатата година, па така по предметот мајчин јазик и литература просечниот успех е 3,47, по математика е 3,19, а по англиски јазик 3,10. Кај другите странски јазичи исто така има подобрување 3,54, во однос на минатата година кога оценката изнесуваше 3,43.

„Најмногу што не радува нас, МОН и ДИЦ, е тоа што имаме нагорна линија и на успехот по математика, што е и една од политиките на Владата на РМ и на МОН“, рече Сафет Незири, советник на министерот за образование и наука.

Кај другите предмети средните оценки се: филозофија 3.67; естетика 3.81; бизнис 3.43; хемија 3.50; биологија 3.64; физика 3.44; историја 3.52.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 14 јули во 12 часот кога почнува и рокот за поднесување приговори кој ќе трае три дена. Тие што ќе имаат забелешка од резултатите треба да се обратат кај предметните комисии во училиштата и приговорите да ги поднесат во писмена форма.

На државната матура во јуни биле пријавени 52.090 кандидати по сите предмети, на тестирањата учествувале 49.861, а отсуствувале 2229.

За кандидатите кои отсустувувале во јуни, кои не ја положиле или не во целост, наредната сесија ќе се реализира од 17-ти до 20 август 2015.

 

 

Оцени ја веста

12.07.2015 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа