Хан до Заев: Немаш чувство за политика - ќе ти се распадне партијата


„Ти немаш чувство за политика, а сакаш да бидеш премиер. Со ова однесување ќе ти се распадне партијата“ Со овие зборови еврокомесарот Хан му сеобратил на лидерот на СДСМ Зоран Заев по неговото упорно одбивање да го прифати договорот за избори во април, дознава Press24 од дипломатски извори. Според нашите информации, Хан бил толку лут што дури и со раката удрил по масата. На Заев му се заканил дека ако не го потпише договорот, ќе излезе со изјава во медиумите во која директно ќе го поосочи како виновник за неуспехот на преговорите. Истите зборови на адреса на Заев биле упатени и од Ричард Ховит по што лидерот на СДСМ попуштил под притисокот и се согласил во април да се одржат избори.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 02:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега