Димовски: Повлекувањето на премиерот 100 дена пред секои избори е системско решение кое ќе влезе во законодавството

Како системско решение отсега па за сите парламентарни избори 100 дена пред секои парламентарни избори премиерот ќе се повлече и ќе биде номиниран привремен премиер, системско решение  што ќе влезе во македонското законодавство.

Кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДОМНЕ Илија Димовски денеска истакна дека ова е системско решение кое што ќе влезе во македонското законодавство и ќе важи не само за овие избори, туку ќе важи за сите наредни парламентарни избори.

-Тоа значи дека доколку премиерот кој што бил премиер во претходниот мандат повторно се натпреварува и е претседател на партија, пред избори ќе треба да се повлече во рок од 100 дена. Партијата ќе си постапува врз база на статутарните одлуки да одлучи кој ќе биде тој човек кој што ќе ја ракводи Владата во тие 100 дена, но можам да потврдам дека ниту еден функционер од ВМРО-ДПМНЕ на министерска, пратеничка или значајна политичка функција која што сега ја обавува нема да биде тоа. Односно ќе биде лице кое што не обавува таква функција, рече Димовски. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега