Опозициските експоненти незадоволни од договорот со критики до Заев и СДСМ за лажната еуфорија

Голем дел од опозициските експоненти се видно незадоволни од договорот постигнат вчера за предвремени парламентарни избори. Тие испраќаат отворени  критики до Заев и СДСМ за лажната еуфорија која сакаат да ја создадат.

Опозицискиот лидер нереално ги крена очекувањата и ветуваше се и сешто во процесот на преговори. Повеќето од работите за кои се храбреше и удираше во гради не испаднаа така како што ветуваше. Опозицискиот експонент Миодраг Мишолиќ истакна дека договорот е катастрофа.

-Би сакал да се лажам, ама мислам дека договоров е катастрофа. Министер за внатрешни од СДСМ, но со одобрување од ДПМНЕ. И уште министер за труд и социјална политика, демек да не се купуваат гласовите со социјална помош. А, свесни ли се дека ако нема „засилена“ социјална помош пред избори, социјалците ќе си речат: „додека беше Грујо ја добивавме“, и во уште поголем број ќе гласаат за него, да им се врати тоа што го имаа, пишува опозицискиот експонент Миодраг Мишолиќ, фејсбук статус објавен на опозицскиот портал Либертас.

miodrag

Мишолиќ додава дека и во таква административно-политички амбиент, избори за само сто дена, pописот, избирачките списоци, изборните закони, ослободување на медиумите, демонтирањето на режимот.., не се ни споменати. 

-Важно било (според Заев) дека Груевски нема да ги организира. А, помислува ли Заев што ќе се случи ако Груевски победи на изборите што „нема да ги организира“? Кутар, наивен и добродушен Зајко, со ова што си го потпишал, тој ќе ги организира. Систем граден девет години не се разградува за сто дена. И пак ќе речам, би сакал да се лажам, пишува Мишолиќ. 

ivor-fb

Опозицискиот колумнист Ивор Мицковски вели дека станува збор за договор на врзани раце за опозицијата која се враќа во Собрание и нема право на бомби.

-Договор на „врзаните раце“ за опозиција која се враќа во Собрание, нема право на бомби, со врзани потписи кои значат институционална блокада, и три месеци со премиер сурогат на Груевски, напиша Мицковски.

Разочарување од постигнатиот договор има и кај Стојанче Ангелов кој иронично напиша:

stojance

 Подобро било каков отколку никаков! Договор! Или не?

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега