Утре не очекува мало разладување
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 21 степени, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Следува период на стабилно, суво и топло време. Во почетокот на наредната недела се очекува да биде уште потопло, кога на места можно е дневната температура да достигне и до 40 степени.
Оцени ја веста
15.07.2015 - 17:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа