Вечерно училиште во општина Кисела Вода, наставата е бесплатна

Општина Кисела Вода во соработка со Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко” организира вечерна настава за лицата кои поради определени причини го прекинале образованието или воопшто не се образувале.

Преку Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, во следната учебна година ќе биде реализирана програма која ќе овозможи описменување и дооформување на образованието. Наставата, која ќе биде комплетно бесплатна, ќе се одвива во вечерните часови во училиштата на територија на општина Кисела Вода. Бесплатни ќе бидат и книгите и училишниот прибор што е неопходен за одвивање на наставата. Уписите за оформување на образовните групи, во моментов се во тек.

Лицата кои се заинтересирани за дооформување на образованието е потребно до Основното Училиште за возрасни “Антон Семјонович-Макаренко”, до општина Кисела Вода или до месните заедници на ниво на општината, да достават извод од матична книга на родените, лична карта, свидетелство за последно завршено одделение, а за лицата помлади од 15 години е потребно мислење од стручно лице.

Наставата ќе започне на 1 септември, годинава.

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа