МВР со модернизирани форензичарски капацитети, донација од САД

Министерството за внатрешни работи доби донација од САД во рамки на програмата ИЦИТАП, 200 илјади долари наменети за модернизирање на просториите за чување на доказен материјал за потребите на форензичките капацитети на МВР.

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков истакна дека со овој проект за прв пат се обезбедува примена на нов и софистициран концепт за складирање, организација и постапување со обезбедениот доказен материјал.

-Ова значи дека зависно од видот на доказниот материјал обезбедени се посебни простории кои се наменети за чување на истиот односно обезбеден е шалтерски пристап за примопредавање на доказниот материјал, прозорците на просториите се обезбедени со решетки, извршено е надолжно поставување на метални полици со висина до таванот заради целосно искористување на просторот, просториите се обезбедени со специјални врати кои ќе обезбедат заштита од пожари или насилно влегување во овие простории, односно електронска контрола на пристап и зголемен видео надзор, истакна Чавков.

Зависно од типот на доказниот материјал, додаде минстерот, во просториите се инсталирани соодветни системи за климатизација и вентилација, обезбедени се посебни фрижидери кои се однесуваат на складирање на доказен материјал на кој му претстои хемиска или биолошка анализа и поставување на аларми и противпожани уреди.

-Дополнително во рамките на соработка со ICITAP обезбедено е платформа за развој и импементација на системско решение со кое се обезбедува интеграција на сегметите за криминалистичка техника низ републиката со Одделот за кримналистичко-техничко испитување и вештачења, рече Чавков.

Тој потенцираше дека на овој начин Одделот за кримналистичко- техничко испитување и вештачења и МВР дополнително ќе гарантираат за интегритетот на доказниот материјал како и за квалитетот на извршените анализи и вештачења кои се однесуваат на истиот.

 

Амбасадорот на САД  Џес Л. Бејли во Македонија посочи дека соработката помеѓу Македонија и САД продолжува и истакна дека тие модерни простории или капацитети на МВР ќе помогнат да се осигураат доказите и соодветно да бидат складирани, да има прегледнодност, да се знае каде се, за случаите да бидат прецизно и темелно истажувани.

 -Во изминатите 3 месеци зградата на криминалистичка техника беше подложена на едно комплексно реновирање што беше овозможено со донација од 200 илјади долари од Владата на САД. Со оваа таа се трансдформираше во една повеќефункционална, модерна установа за собирање докази, за ракување и нивна обработка, рече Бејли.

 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега