Осум години затвор за убиецот на грозоморното убиство во паркот во Велес

Велешкиот суд денеска ја донесе својата одлука дека  Зоран Димовкси е за виновен за убиствотот на 90-годишниот Јован Циплаков. Тој доби казна затвор во траење од осум години.

Во текот на судскиот процес, Димовски негираше дека го убил старецот.

За потсетување, на 17 јули минатата година беше убиен Цилаков во дворот на гимназијата.Усмртен бил со повеќе удари со камен по главата, лицето и градите. Во пресудата на Велешкиот суд се вели дека Димовски минувајќи низ паркот го забележал старецот како уринира па му замерил на постапка. Поради ова Цилаков го удрил со бастунот. Почнале расправија меѓу нив па Зоран посегнал по каменот и со неколку удари го усмртил старецот.

Од висината на казната незадоволни се роднините на убиенот. 

 

 

Оцени ја веста

15.07.2015 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега