Синот на убиениот Драган си ја отвори душата - кој го усмрти татко му?

Матија Јелиновиќ, синот на убиениот Драган Јелиновиќ си ја отвори душата и прозборе за големата трагедија во која го загуби татка си. Според податоците на српскиот Курир, Матија вели дека на неговиот татко кој беше убиен откако му беше подметната бомба на автомобилот, никој не му се заканувал и немал непријатели.

- Мојот татко го знаат сите во Белград. Беше голем противник на наркотиците и за тоа сите знаат. Беше добар човек кој секому помагаше. Не е вистина дека е убиен за дрога, вели Матија.

Инаку, кралот на ноќниот живот во Белград неколку минути пред трагедијата се расправал со тројца мажи на улица, кои потоа си влегле во возило, а Драган си влегол во своето Ауди во кое и загинал. 

- Се прегледуваат сите снимки од сите камери кои биле во близина. Сослушани се членовите на семејството, блиските и соработниците. Се прави се да се открие вистината, вели извор за српскиот Курир.

Исто така, се проверува и телефонот на Драган за да се види со кого бил во контакт пред смртта.

Тој ќе биде погребан денеска.

 

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега