Божиновска упати честитки по повод Рамазан Бајрам

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска по повод празникот Рамазан Бајрам упати телеграма со честитки до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф. Реџепи.

Празникот Рамазан Бајрам не враќа на вистинските вредности на семејната блискост, љубовта и меѓусебното пријателство. Радоста и топлината на овој празник ја споделуваме со семејството, роднините, пријателите и со сите луѓе со добра волја, стои во телеграмата. 

Нека овој голем празник нè потсети на љубовта која ја носиме во себе спрема Севишниот и дека со негување на добрите мисли и добрите дела можеме да придонесеме за напредок на темелните вредности во нашиот живот и во нашето општество..

Ви посакувам деновите на Рамазан Бајрам кои се слават по светиот месец на постот, на сите да Ви донесат мир, единство и среќа, и во духот на универзалните вредности на овој празник многу радост, почитување и добро здравје во Вашите семејства и домови, се вели во телеграмата со честитки на Божиновска.

 

 

Оцени ја веста

16.07.2015 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега