Шармерот од минатиот век и не е така нежен - еве што и правел Данијел на поранешната сопруга

Една од поранешните сопруги на популарниот Данијел Поповиќ, тврди во својата книга дека пејачот ја тепал додека биле во брак, пишува српски „Свет“.

Сандра Петриж, која има 16-годишен син со Данијел, тврди дека поранешниот сопруг ја навредувал, ја влечел за коса и не бирал со кој предмет ќе ја удри.

„Се сретнавме случајно, ми рече дека е несреќен и дека јас сум она што го сака цел живот. Бевме заедно 14 години, од кои 5 во брак, тешки и напнати кои повеќе пати се обидував да ги прекинам. Ме криеше и кога ни се роди детето, еднаш дури и пред ќерката од првиот брак, се правеше дека не не познава. Кога забременив, ме тераше да абортирам, но третиот пат не го послушав. Најагресивен стана кога го добив неговото презиме, бидејќи така ме забележа како негова сопственост“, пишува Санддра во книгата.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега