Овие тринаесет работи ги практикуваат успешните луѓе во понеделник

1. Се будат рано, затоа што и легнале порано. Доволно се искусни да знаат дека не смеете да си дозволите мамурен почеток на неделата.

2. Вежбаат. Утринската гимнастика ја подобрува циркулацијата, ви помага да останете будни и продуктивни, а ендорфинот се грижи и за доброто расположение.

3. Појадуваат здраво. Одберете појадок кој ќе ве исполни со енергија, а нема да ви направи тешко на желудникот и стомакот. Сити започнете со справување со обврските.

4. Го користат времето додека одат на работа. Голем дел од жените се шминкаат додека одат на работа или пак ги проверуваат меиловите додека на семафорот стојат 90 секунди црвено светло или размислуваат што треба да биде завршено во текот на денот.

5. Доаѓаат порано на работа. Колку побргу ги решите задачите и проблемите, толку подобро. Не ги одложувајте обврските.

6. Го чистат бирото и декстопот. По правило тоа треба да се направи во петок попладне, но сепак, една брза подготовка и организација, не е на одмет.

7. Имаат листа со обврски. Поставете си приоритети, а потоа направете листа со пет до осум цели, кои кога ќе ги исполните ќе се чувствувате гордо и успешно.

8. Ги решаваат прво тешките задачи. Енергијата е најсилна наутро, па концентрацијата мора да се искористи за највожното.

9. Издвојуваат време за неочекувани проекти. Успешните го очекуваат неочекуваното.Секогаш имајте малку резервно време.

10. Го поздравуваат својот тим и шефот. Вака се одржува моралот на високо ниво, а воедно и чувството на единство. Понеделник наутро тоа е посебно важно, затоа што тогаш на секој работник му е потребен поттик.

11. Се смеат. Важно е да го одржувате расположението. Така полесно и вие и оние околу вас ќе го истуркате денот.

12. Остануваат фокусирани. Не трошат премногу време за нешто што било тешко, неуспешно или завршено. Размислуваат на она што го работат во моментот или она што им следи.

13. Свесни се дека постои и вторник. Во евентуалниот хаос, тие се свесни дека проблемите кои се актуелни во понеделник не мора сите да се решат истиот ден, бидејќи постои и вторник.

 

 

Оцени ја веста

20.07.2015 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега