ВИДЕО: Отишла на забар да поправи заб, кога се разбудила од анестезијата следувал шок!

Триесет и осум годишната Британка Алисон Дајверс дошивеала целосен шок по посетата на стоматолог, додека била во Германија. Несреќната жена отишла на забар за да си го поправи забот, а тој и ги извадил сите заби на горната вилица!

Имено, забарот и дал целосна анестезија, а Алисон по интервенцијата се разбудила без 16 заби. За работата да биде уште почудна, нејзините извадени заби стоматологот ги оставил во пластична кеса покрај нејзината глава.

- Кога се разбудив бев во шок. Збеснав. Прашав зашто ми ги извади сите заби, а тој само повторуваше дека не ме разбира, раскажа Алисон.

Таа страшна ситуација се случила кога имала 25 години. Во меѓувреме си вградила вештачки заби и вели дека тие импланти и го промениле животот.

Погледнете го видеото:

 

 

Оцени ја веста

23.07.2015 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега