ФОТО: Тешка сообраќајка пред Скопјанка: Мотор удри велосипедист

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 11 часот на булеварот Кузман Јосифовски-Питу кај стоковната куќа „Скопјанка“, кога еден мотоциклист со голема брзина удри во возач на велосипед, пренесува порталот Кирилица.мк

Велосипедистот го поминувал пешачкиот премин, а два автомобили застанале и го чекале да помине. Додека ја поминувал третата лента, во него со голема брзина удрил моторот, и го отфрлил неколку метри. Од падот и двајцата учесници во несреќата останале да лежат неколку минути на асфалтот, додека не пристигнало возило на Итната медицинска помош.

Минувачите кои во тој момент се затекнале во близина на несреќата велат дека глетката била ужасна. Едниот од повредените лежел неподвижно, а другиот силно се тресел. Лекарите им пружиле итна помош и ги одвеле во ургентен центар, со повреди кои најверојатно се животнозагрозувачки.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 00:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега