Исповед на млада девојка болна од рак - внимавајте, еве што неа и ја предизвика најстрашната болест

Саша Фарел е болна од рак, а има само 23 години.

Бидејќи на младата девојка и ја дијагностицирале најстрашната болест, таа се одлучила да се исповеда, односно објаснила што и ја предизвикало оваа болест.

„Во февруари оваа година ми дијагностицираа маланом кој метастазирал во четврти стадиум. Никогаш не сум сонувала дека со такво нешто ќе се соочам на 23 години. Еве ме, речиси дипломирав и живеам во иста соба во куќата со родителите каде и пораснав. Отсекогаш бев прилично внимателна кога беше во прашање сунчањето. Само еднаш сум била во солариум. Една единствена бубачка во мојата глава промени се. Го одложував одењето на доктор бидејќи се плашев од изостаноците на работа, се додека некој не ми рече дека не смеам повеќе да одложувам.

Чувствував дека со моето тело нешто не е во ред. Кога дознав што ми се случило потполно се изолирав од околината. Не сакав да ме сожалуваат. Физички се чувствував добро, психички - бев во хаос. Се плашев. Дали ќе живеам доволно долго за да имам деца?

Операцијата која требало да трае три часа - траела седум. Ми извадија 69 лимфни жлезди од мојата лева страна на вратот. Во четири веќе се развил рак.

Се надевам дека вака ќе помогнам на некого на време да оди кај доктор“, порача девојката.

 

 

Оцени ја веста

25.07.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега