Чај за слабеење и за детоксикација

Со овој чај, кој лесно се приготвува дома, може да ослабнете до три килограми за една недела.

Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраната вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој едноставен чај од пет состојки.

Во тенџере ставете 1 литар вода, додајте помала китка исечкан магдонос и четири кесички зелен чај. Оставете заедно да зовријат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.

Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исцедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, два цедени лимона и  една лажичка цимет.

Доколку сакате да го заблажите, додајте една лажица мед.

Претурете го чајот во стаклено шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега