Трагедија: Малолетничка загина по пад од скутер во битолско

Починато женско лице рано утринава било забележаново во близина на фудбалското игралиште во селото Долно Српсци по што веднаш било пријавено во битолската полиција.

Полиција на лице место во непосредна близина на починатото лице пронашла паднат скутер. Од извршениот увид било утврдено дека 17 годишната Дијана починала како последица на сообраќајна несреќа.

Малолетничката, најверојатно,  паднала од скутерот и од добиените повреди починала на лице место.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега