Во МВР фрчат дисциплински мерки - вработени спиеле, не доаѓале на работа, па дури и вршеле кривични дела

Министерството за внатрешни работи изрече дисциплински мерки за 12 вработени во министерството.

Вработените во МВР по спроведената дисциплинска постапка, зависно од престапот добиле „парична казна“, „писмено предупредување“, „распоредување“, а тројца вработени добиле „отказ“.

Вработените правеле превид вршејќи си ја службената должност, а двајца биле фатени како спијат на работното место

Вработен од Велес ја злоупотребил службената положба и овластување, на тој начин што спречил спроведување на 9 барања за поведување на прекршочна постапка.

Еден од вработените добил отказ, бидејќи неоправдано не дошол на работа, последователно три работни дена, а останатите отпуштни сториле кривично дело.

 

 

Оцени ја веста

26.07.2015 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега