Заев најавува можност СДСМ да не учествува на наредните избори

„СДСМ никогаш повеќе нема да дозволи одржување на избори за кои однапред се знае дека ќе бидат реализирани во спротивност со стандардите и препораките на ОБСЕ/ОДИХР“ Претседателот на најголемата опозициска партија во интервју за бугарски Фокус вели дека СДСМ до сега попуштала во повеќе наврати и учествувале на изборите што патијата ја чинело неколку тешки порази.
„Досегашната наша конструктивност и учество во изборните циклуси заради интересите на државата во ситуации кога беше јасно дека подготовката и реализацијата на изборите се далеку од регуларни, не чинеше неколку тешки порази. Мора да ставиме крај на самоволието на власта“ - вели Заев во интервју за Фокус.
Тој порачува дека неговата партија е подготвена заизбори без разлика кога ќе се одржат.
„СДСМ во изминатиов месец одржа два конгреса, ги избра новите раководни тела и органи, ги спроведе статутарните реформи неопходни за зацврснување и зголемена ефикасност на партијата, за отвореност и приближување до граѓаните. Ние уште денеска сме целосно подготвени за избори, но како што веќе истакнав, единствено врз основа на подготовки согласно меѓународни стандарди.
А кога ќе се случат такви избори, ќе бидете изненадени колку лесно ќе биде поразена оваа владејачка номенклатура. Сеедно, дали на предвремени, парламентарни или редовни претседателски“ - вели Заев за Фокус