Се сеќавате на најљубоморната жена во светот? Еве што ќе направи за да го задржи сопругот

Деби Вуд, позната како најљубоморната жена на светот, е во брак со Стив од 2014 година.

Кога се запознале, била згодна, но во меѓувреме се здебелила за 10 конфекциски броеви, па сега е спремна буквално да направи се за да го задржи сопругот.

Стив секојденовно готви за неа, припрема и работи по дома, бидејќи таа поради вишокот на килограми, не може убаво да се движи. Поради тоа Деби одлучила да оди на операција за намалување на желудникот, за да ослаби.

Деби го терала Стив да иде на детектор за лаги, за да докаже дека не ја изневерува. Таа е толку многу љубоморна што му забрани да гледа телевизија кога се појавуваат убави водителки.

Стив се радува на нејзината операција, не не зошто ќе ослабе, туку затоа што се надева дека таа ќе има поголема самодоверба и нема да биде толку љубоморна.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега