Сузана страсно се заљубила - кога ја дознала вистината за него се шокира

Сузана Брич имала 15 години кога го запознала, преку телефон, мажот во кои се вљубила страсно.

Три години биле во врска, а потоа и ја запросил, иако никогаш не се запознале во живо. Врската на крај пропаднала, Сузана се омажила за друг, а дури сега, по 12 години, ја дознала вистината за нејзината платонска љубов.

„Дознав дека тој има 63 години, има деца, па дури и внуци“, рекла Сузана за американските медиуми.

Иако тие раскинале, останале во контакт и со години се допишувале. Тоа време, таа мислела дека и е врсник, а дури сега дознала шокантни податоци за него.

„Сите овие години се прашував зошто никогаш не може да се најде со мене. Секогаш имаше изговор. Прво беше во прашање училиште, па факултет и слични работи. Се прашував зошто не сака да ме запознае, а кога ја дознав вистината за него, сфатив дека не е проблемот во мене, туку во него“, искрено раскажува Сузана.

Сепак и покрај за се што ја лажел, таа признава дека тој бил голем дел од нејзиниот живот.

 

 

Оцени ја веста

27.07.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега