3.397 македонски земјоделци добија 328,8 милиони денари

Министерството за финансии денеска исплати 328,8 милиони денари, односно 5,3 милиони евра на 3.397 земјоделци за поддршка на сточарството.

За одгледување овци се исплатени 177.256.598 денари на 871 сточар, за заклани гоеници 89.427.384 денари на 154 лица, за одбележани грла говеда 56.539.204 денари на 2.182 лица и за одгледување кози 5.568.240 денар на 190 сточари.

Со исплатата на субвенциите Владата и Министерството за финансии, стои во соопштението, остануваат посветени на подигнување на овој клучен сектор за македонската економија.