Македонските ракометарки поразени од Србија

Женската ракометна репрезентација на Македонија попладнево загуби од Србија со 28:21 во натпревар за пласман од 9-18.место на Европското првенство за играчи до 19 години што се одржува во Шпанија.
 
Македонките повторно одиграа добро прво полувреме кое го решија во своја корист со 12:10. Потоа, слично како и на средбата со Германија, „црвено-жолтите“ имаа криза во играта, што на крајот ги чинеше убедлив пораз.
 
Македонија утре игра против Хрватска која денес загуби од Литванија со 34:31.
 
На табелета во групата 1 Србија е прва со 4 бодови, Литванија и Македонија имаат по 2, Хрватска е без бод. 
 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега