Се менуваат правилата: Нема веќе патување во Германија без виза

Нема повеќе патување во Германија без виза. Германија ќе преземе посебни активности со цел да се намали бројот на баратели на азил од земјите од Балканот, со повторно воведување на визниот режим за жителите на овие земји.

Притисокот, уште повеќе е зголемен во последните неколку дена откако се случија напади во повеќе хостели за мигранти, како и поради огормниот број на баратели на азил годинава.

Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.

Би- Би- Си, повикувајќи се на информациите од Германското федерално биро за миграција и бегалци,  пренесува дека откако БиХ, Македонија и Србија добија статус на „безбедни“ земји бројот на баратели на азил од овие земји бил само околу 12 отсто. Бројот на баратели на азил од Албанија, Косово и Црна Гора се зголемил за повеќе од 500 отсто.

Класификацијата „безбедни“ земји, овозможува полесно депортирање на барателите на азил бидејќи е мошне потешко за апликантите да докажат дека се жрви на политичка, религиозна или етничка дискриминација.

Како што наведуваат одделни медиуми, целта на ограничувањето на патувањето во Германија без виза, се должи и на фактот што голем дел од лицата кои бараат азил во Германија и некои други земји на ЕУ, како што се Франција, доаѓаат токму од Западен Балкан.

Годинава, околу 220.000 лица побарале азил во Германија, а се проценува дека до крајот на 2015-та година тој број ќе порасне на 450 илјади.

Дури 40 отсто од лицата кои бараат азил во Германија доаѓаат од Балканот, иако според Германија во нивната матична земја не им се нарушени правата, туку се исклучиво од економски причини. Владата на Германија пред неколку месеци рече дека секој барател на азил од Западен Балкан треба да се автоматски да се депортира од земјата, и речиси сите барања за азил беа одбиени.

Регионалната влада на Баварија е географски најблискиот дел на Германија до Балканот од каде доаѓаат најголемиот дел баратели на азил.

Зихофер: Бројот на азиланти во моментот е „до таван“

Јас го поддржувам повторното воведување визи за овие балкански земји, изјави во интервју за Ди велт баварскиот премиер, Хорст Зихофер, според кого бројот на азиланти во моментот е „до таван“.

Одбивањето на азил во изминативе неколку месеци не му даде многу резултати. Потребно е да се воведат визи за граѓаните на овие земји да се регулира нивниот број во Германија, тврдат Баварците, чиј став полека го поддржуваат и останатите покраини.

Во меѓувреме додека се дискутира дали треба да се ограничи патувањето во Германија без виза, бројот на нападите врз хостелите за мигранти во Германија досега изнесува вкупно 202 и го надминува бројот на нападите регистрирани во текот на минатата година (198). За најголемиот дел од нападите се смета дека е одговорна радикалната десница, односно анти – имигрантската милитантна група.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега