Прилепчани фалсификувале документи и ги нуделе на прилепски семејства

Денеска двајца прилепчани си заработија кривична пријава за фалсификување патна исправа.

Се работи за 31-годишниот прилепчанец Д.М и 28-годишниот Ј.Ј. кои заедно изработиле повеќе лажни документи меѓу кои потврди од банки со лажен депозит од 10.000 до 40.000 евра, потврди за постојан работен однос, образец М1 и М2 кои ги продавале на разни лица од Прилеп, а тие пак ги користеле за аплицирање за визи за САД.

 Д.М веќе и е познат на полцијата како сторител на кривични дела. 

најчитано сега