Кастратовиќ ја продолжи соработката со ЖРК Вардар

Индира Кастратовиќ и во следните две сезони ќе го предводи тимот на ЖРК Вардар, откако управата и тренерот ја договорија новата соработка.

Нашиот тренер претходните две сезони како прв човек од клупата го предводеше тимот до два настапи на Ф4 турнирите во Лигата на шампионките.

-Очекувам во следниот период како дел од ЖРК Вардар да постигнеме нови резултати со кои клубот ќе биде горд, и јас како тренер. Особено сум благодарна на клубот што ми даде нова доверба да го предводам овој одличен тим на Вардар. Работата и само работа ќе биде мотото во иднина, со верба дека она што го работиме напорно на тренинзите ќе биде валоризирано и со резултат на кој сите ќе се радуваме. Вардар останува моето најблиско семејство, кое секогаш ми давало поддршка, и таквата синергија се покажа како клучна во многу моменти, кога многумина сметаа дека тешко ќе го постигнеме зацртаното. Високите европски цели секогаш ќе останат главната цел на Вардар, за што сите во клубот ќе се обидеме да го постигнеме и да им дадеме нови можности на навивачите да се радуваат, и уште повеќе во однос на минатите сезони, изјави тренерот на ЖРК Вардар.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега