Пожари на три локации низ Македонија

Пожар денеска избувна над патот кон село Рашче во Општина Ѓорче Петров, кој зафати нискостеблеста шума и трева. 

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување на терен се ангаќирани пет припадници од републичките сили за заштита и спсување, едно противпожарно  возило со тројца пожарникари и пет лица од шумското стопанств

Пожар е појавен и кај село Крнино во Општина Чашка, во чие гаснење учествуваат пет припадници од републичките сили за заштита и спасување и 20 лица од  ШС Бабуна Веле

Пожар денеска е избувнат и кај место викано Прентов Мост, Општина Охрид. Пожарот е под контрола и се работи на ликвидирање на неколку преостанати жаришта. На лице место ангажирани се екипи на ПШС Галичица со 11 лица и 1 противпожарно возило и 3 пожарникари од ТППЕ Охрид.

 

 

Оцени ја веста

30.07.2015 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега