Автобус се судри со автомобил пред Битола: Двајца во болница
Попладнево околу 18 часот на магистралниот пат Битола – Кичево кај Демирхисарското село Желензец се судриле автобус кој сообраќал на линијата Битола-Кичево и еден автомобил со битолски регистарски таблички, јави „ТВ Орбис“.
Првичните информации од терен говорат дека повредени се двете лица кои се наоѓале во автомобилот од кои едното е малолетно дете. Со возило на Итната медицинска помош од Демир Хисар тие се префрлени и хоспитализирани во Клиничкиот центар во Битола.
Од автобусот нема повредено патници.
Оцени ја веста
01.08.2015 - 22:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа