Детали за несреќата: Откриен идентитетот на удавениот маж во Охрид

Удавен маж е пронајден синоќа околу 20 часот во водите на Охридското Eзеро, во непосредна близина на комплексот „Парк “. Се работи за 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, кој  во 18 часот и 50 минути синоќа бил пријавен за исчезнат.

Телото на давеникот од водата го извлекле екипи на Црвен крст. Извршениот увид на медицинска екипа покажал дека се работи за ненасилна смрт.

Ова е втора жртва  во Охридското Езеро оваа сезона. Пред неколку дена се удави лице во близина на туристичката населба Пештани, кое, според увидот, доживеало срцев удар во водата.

 

 

Оцени ја веста

02.08.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега